Со победата од 3:0 во дуелот против Астон Вила, Манчестер Јунајтед на четири кола пред крајот на сезоната ја освои шампионската титула во Англија.
“Црвените ѓаволи” до триумфот што им го донесе 20-от трофеј во историјата стигнаа благодарејќи на трите погодоци што ги постигна летното засилување Робин ван Перси. Холанѓанецот мрежата на Астон Вила ја затресе во втората, 13-тата и 33-тата минута.
Единствениот конкурент за титулата, минатогодишниот шампион и градски ривал, Манчестер Сити до крајот на Премиер лигата треба да одигра уште пет натпревари, но предноста на составот на Алекс Фергусон има предност од недостижни 16 бода.
За легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Фергусон ова е 49-ти трофеј во кариерата, а 38-ми како предводник на клубот од Олд Трафорд. Со Фергусон на клупата “Црвените ѓаволи” освоиле 13 од вкупно 20-те трофеи во Англија.