20 години од смртта на Сена

Од:

Легендарниот Бразилец, Аиртон Сена, загина во несреќа на патеката „Имола” за време на ГН на Сан Марино на 1 мај 1994-та на 34 годишна возраст.

Трки во различни класи на автомобили и мотори, проекции на филмови за големиот Бразилец се вклучени во програмата. Над 100.000 обожаватели на Аиртон и Формула 1 се очекува да поминат низ патеката за петте дена. Акредитирани се 200 новинари од 20 земји.

На церемонијата се очекуваат светските шампиони Кими Раиконен и Фернандо Алонсо. Дукати пушти 161 уникатни мотоцикли наречени “Сена”. Најголемиот интернет пребарувач “Гугл” ќе ги пречекува потрошувачите во глобалната мрежа на 1 мај со лицето на трикратниот шампион и бразилското знаме.

Ферари исто така изразува почит кон Аиртон кој не возел за најпопуларниот тим во Формула 1. Тоа е и еден од трите соништа кои Сена не успеал да ги оствари, откри Адриане Галистеу, свршеница на пилотот. Другите два сона биле да има син и да го види … Дизни ворлд во САД.

Сена останува најверојатно најсаканиот шампион во Формула 1. 3 милиони Бразилци го испратија на погребот во Сао Паоло, а уште три пати по толку е бројот на неговите обожаватели во социјалните мрежи, и тоа 20 години по неговата смрт.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он