Рудиша ја пропушта целата сезона

Од:

Светскиот рекордер на 800 метри, Дејвид Рудиша, дефинитивно ќе ја пропушти целата сезона со што и претстојното Светското првенство во Москва.

„Рехабилитацијата оди според планот, но нема никави шанси тој да биде дел од Светското првенство. Давид имаше голема желба да ја брани титулата во Москва, но сепак поважно е неговото здравје. Има 24 години и уште долго време ќе се натпреварува на големата сцена”, изјави Колм О’Конел

Рудиша го повреди коленото за време на тренинзите во Њујорк и поради долгиот период на рехабилитација тој нема да биде доволно подготвен за учество на Мундијалот.

Рудиша се уште не добил дозвола од лекарите да почне со тренинзи и се очекува на патеката да се врати дури на стартот од следната сезона. Рудиша ги откажа сите настапи до крајот на годинава се со цел да се подготви што е можно подобро за новата сезона.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди