Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја оправдаа улогата на фаворити и го совладаа составот на Ридинг во рамките на осминафиналето од ФА Купот.
Избраниците на Сер Алекс Фергусон во потполност го надиграа противникот кој на „Олд Трафорд“ дојде да се брани уште од почетокот на мечот. Со головите на Нани во 69-та и Чичарито во 72-та минута од натпреварот „црвените ѓаволи“ го скршија отпорот на Ридинг и заслужено се пласираа во четвртфиналето од ова натпреварување. Гостите со голот на Мек Ануф во 81-та минута само го ублажија поразот на овој натпревар.