Значајни смени во врвот на албанската полиција

Од:

Значајни смени се случија во раководниот врв на албанската полиција, јави дописникот на МИА.

Директорот на полициската управа за Тирана, Ардиан Чипа е именуван за заменик генерален директор на државната полиција. Тој доаѓа на местото на Хаки Чако, кој на почетокот на овој месец беше назначен за вршител на должноста генерален директор на албанската полиција, по оставката на Артан Диди.

На местото на Чипа, за нов диретор на полициската управа за Тирана е именуван Ервин Ходај. Неритан Налбати е нов директор на полицискиот комесаријат Елбасан, Бехар Чака е прв човек на комесаријатот во Валона, додека Ребан Јаупај прв човек на секторот за економски криминал во државната полиција.

Неодамна Томо Ходај беше именуван за нов шеф на Интерпол Тирана.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек