„Златна зора“ формира разгранок во Албанија

Од:

Грчкото фашистичко-националистичко движење „Златна зора“ формира свој разгранок и во Албанија.

Во јужниот приморски град Саранда партијата формира свој разгранок, чии канцеларии се во селото Месопотам.

Според тиранскиот весник „Шекули“, во првиот разгранок на „Златна зора“ во Албанија засега брои 30 членови, главно тинејџери од грчкото малцинство.

– Разгранокот на „Златна зора“ има свој профил и на Фејсбук. Преку оваа социјална мрежа се повикуваат сите припадници на малцинствата, особено младите, да се приклучат кон партијата без да се плашат, затоа што набрзо „Златна зора“ ќе егзистира во целиот јужен дел на Албанија, односно Ворио Епир (Северен Епир), а потоа разгранок ќе се формирал и во Тирана, се наведува во написот на Шекули.

Разгранокот на „Златна зора“ во Саранда нема претседател, туку го раководи координаторот Јани Ромели. Тој не живее постојано во Саранда туку е во постојано движење на релација Саранда-Атина.

Што се однесува до финансиите, како што пишува Шекули, овој разгранок бил иницијатива на Роберт Хајди од албанското место Луков, кој има тесни врски со оваа партија. Роберт Хајди е сопственик на луксузниот хотел „Хотел Палас Лукова“ во Луков.

Албанските медиуми во септември лани пишуваа дека со членови на „Златна зора“ учествувале во напади врз емигрантите.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов

Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано, нова порака од Грција