„Журки“ на Миконос – казна од 20.000 евра за бар кој не ги почитувал мерките против Ковид-19

Од:

На грчкиот остров Миконос, во еден од познатите барови на плажа, поради низа прекршувања на мерките на претпазливост и предвидените протоколи за спречување на ширењето на Ковид-19, меѓу другото за организирана забава со диџеј, како и за големиот број гостите, така и за растојанието меѓу нив, била изречена казна од 20.000 евра и двомесечна забрана за работа.

Во конкретниот бич-бар, но и во други кафулиња и на Миконос и низ цела Грција, според објавените фотографии и видеа како од медиумите, така и на социјалните мрежи, Грците не се вратија во „новата нормалност“, туку продолжија онаму каде што запреа пред појавувањето на новиот коронавирус, јави дописничката на МИА од Атина.

Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачи Панајотис Стамбулидис, говорејќи за грчката телевизија „Скај“ рече дека бизнисите не се отворени без ограничувања, туку мора да работат под конкретни услови и објасни дека во бич баровите, согласно здравствените протоколи и правила, не смее да се користи шанкот, забрането е да се организираат забави, а задолжително е да се почитува ограничувањето на бројот на гостите.

Дел од баровите и кафулињата и во други делови на Грција се преполни, без да се почитува предвиденото растојание.

Контролите и инспекциите на надлежните органи во Грција за почитување на мерките и протоколите за заштита од ширењето на Ковид-19 се интензивни, со оглед на тоа дека поради продолжениот викенд во Грција, полни се туристичките места.

Од националната служба за транспарентност соопштија дека во петокот, инспектори, ревизори и полициски службеници во вечерните часови извршиле контрола за правилното спроведување на мерките во кафулиња и угостителски објекти во Атина, Солун и Патра.

Во направени 55 контроли, биле изречени казни во висина од 3.000 евра за прекршоци, како што е неносење маска од страна на персоналот.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски