„Житовојводина“: Ако Македонија го ограничи увозот на пченицата и брашното, Србија да го заштити виното

Од:

Комерцијалниот директор на „Житовојводина“ Здравко Шајатовиќ денеска изјави дека македонската влада донела одлука за ограничување на увозот на пченица и брашно, со што негативно ќе влијае на извозот на овие производи од Србија.

-Македонија е голем пазар, на кој Србија годишно извезува 50 илјади тони пченица и 45 илјади тони брашно. Поради тоа, ние ќе бараме реципрочни мерки за нив – вели Шајатовиќ.

Директорот на „Житовојводина“ оценува дека ваквата постапка на македонската влада претставува кршење на ЦЕФТА договорот, при што наведе дека српските компании ќе бараат Србија да воведе реципрочни мерки во оние области кои се важни за Македонија.

Тоа значи дека српските увозници на вино, за да можат да увезат еден литар вино од Македонија, ќе бидат приморани претходно да купат четири литри српско вино.

Како што пренесува Радио телевизија Војводина, Шајатовиќ наведе дека очекува одлуката да за ограничување на увозот да биде објавена во Службен весник, а според информациите кои ги поседува, македонската влада има одлучено да го услови увозот. Шајатовиќ прецизира дека македонските увозници ќе мора да купат два килограми домашна пченица, доколку сакаат да увезат еден килограм жито, односно да купат четири килограми домашна пченица, ако сакаат да увезат килограм брашно од Србија.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија