Жената која крвнички ја тепа својата ќерка: На социјалните мрежи ја нарекува „принцеза на мама“, а дома брутално ја малтретира

Од:

„Милица принцеза на мама, Михајло принц“ пишува на еден од фејсбук-профилите на жена која брутално ја удира по главата „нејзината принцеза“, тригодишната ќерка. Сето тоа е снимено на видео кое ја згрози Србија, а кое синоќа се појави на социјалните мрежи.

На социјалните мрежи набрзо се прошири снимката на која мајката, за која подоцна се испостави дека е Славица Ѓилас (27) од Грок, ја тепа до смрт својата ќерка и ги згрози сите што ја видоа.

Полицијата вчера на местото на настанот ги пронашла Првослав Пајиќ (68), нејзиниот сопруг, како и бабата на девојчето, односно мајката на Славица – Лидија Ѓилас (49).

Таму биле и децата на малолетничката – Михајло, 15 месеци и Милица, 3,5 години, претепано девојче. Работниците на Центарот за социјална работа Грок ги презеле малолетните деца.

Лидија Ѓилас изјавила дека нејзината ќерка Славица побегнала меѓу 20 и 22 часот. Потрагата по Славица е во тек.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија