Жена со четири деца се обидела да скокне во реката Бојана

Од:

Полицијата во Скадар спречи жена (27) да скокне во реката Бојана со четирите деца. Децата се на возраст од седум, пет, три и една година.

Во меѓувреме се дознало дека жената била во процес на развод од сопругот.

Полицијата ја алармирале членовите на нејзиното семејство кои тврдат дека жената била многу депресивна.

Инцидентот денеска околу 14.15 часот е спречен со брзата интервенција на полицајците кои патролираат низ градот.

Жената и децата се приведени во локалната полициска станица. Полицијата покрена истрага за овој инцидент.

Да потсетиме, на 2 мај годинава регионот беше шокиран од веста дека Алма Арази (34) се удави во реката Бојана со нејзините три деца.

Би можело да ве интересира

Трета жртва од пукањето во Скадар

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почна да се излева Скадарското Езеро, куќите крај брегот достапни само со чамец

Жарко Настоски

Обвинувања за криминално досие на новиот градоначалник на Скадар

А1он

Голем протест во Скадар по бранот мафијашки пресметки

Наум Локоски