Голем протест во Скадар по бранот мафијашки пресметки

Од:

Под мотото „културата на Скадар е посилна од куршумите и од дрогата“ вечерва се одржа масовен граѓански протестен марш против криминалот во овој албански град.

На протестот заедно со граѓаните беа и старешините на верските заедници, католичката,православната и исламската, кои упатија апел за мир. Тие побараа граѓаните да го предадат своето оружје. Во последните два месеца во овој град се случија шест убиства, две лица се уште се водат како исчезнати додека неколку деца се киднапирани и ослободени откако беше платен откуп.

– Им благодарам на организаторите на овој мирен протестен марш со кој сакаме јавно да кажеме дека ние му посакуваме добро на нашиот Скадар и на нашата Албанија. Сакаме мир и напредок. Само со промена на нашиот ум, само доколку бидеме поединствени, доколку правиме добри дела, само така може да одиме напред. Нашиот живот е во рацете на сите. порача католичниот свештеник Ангело Масафра.

Тој побара од надлежните да помогнат за враќање на редот, мирот и безбедноста во овој северен албански град. Исто така порача никој да не чекори по улица со оружје зашто проблемите се решаваат со дијалог.

Муфтијата на Скадар со порака до сите родители да ги воспитуваат децата според верскиот,граѓански морал,на љубов и добрина.

– Чинете добри дела, ширете љубов кон сите, отфрлете го оружјето, не пукајте, не убивајте, не ги зацрнувајте срцата на мајките, татковците,не ги уништувајте блиските, не ги уништувајте Скадар и Албанија, порача скадарскиот муфтија. Слична порака упати и светеникот од правосланата верска заедница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Учесниците на митингот организиран од опозицијата се обидуваат насилно да влезат во Собранието на Нови Сад

Горан Наумовски

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски