ВИДЕО: Почна да се излева Скадарското Езеро, куќите крај брегот достапни само со чамец

Од:

По поројните дождови кои ја зафатија Црна Гора во изминатите денови, во неколку места на брегот на Скадарско Езеро ситуацијата е критична, бидејќи водостојот се зголемува и вода почнала да влегува во објектите.

Жителите, иако не се соочуваат првпат со слични проблеми, се многу загрижени, бидејќи доколку продолжат врнежите, водата ќе им причини сериозни штети.

Тие стравуваат дека би можело да се повтори сценариото од 2010 година, кога Црна Гора ја зафатија најголемите поплави во поновата историја.

– Не можете да замислите како ја минавме ноќта. Цела ноќ ветер, дожд, вода. Тоа е хаос, се е поплавено, изјави жител на Врањина.

Според неговата проценка, на многу места недостасува уште половина метар за езерото целосно да ги поплави куќите, а надлежните органи се уште не реагираат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Црна Гора бара екстрадиција на Алија Балијагиќ

Спречена голема тепачка помеѓу 60 малолетни ученици од Никшиќ

Горан Наумовски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови