Зери: Договор помеѓу Белград и Приштина не е за верување

Од:

Договор помеѓу Косово и Србија не е за верување, пишува приштинскиот „Зери“, пренесувајќи го ставот на косовските официјални лица дека нема да има имплементација на досегашните договори, доколку Србија во првата половина на идната недела не ги прифати основните принципи кои ги предложи Брисел.

Додека високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон се подготвува да допатува во Белград, со цел да ја убеди Српската страна да го потпише договор, премиерот на Србија, Ивица Дачиќ вели дека нивната држава не го промени ставот – наведува Зери.

Во меѓувреме косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека решението за север на Косово мора да биде во рамките на Уставот и законите на Косово.

Во интервју за Слободна Европа, Тачи истакна дека во интерес на Белград е да го прифати договорот.

-На српското раководство му претстои да каже да или не, бидејќи Косово веќе понуди решение од кое нема да се откаже – изјави тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски