Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Од:

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Албанија, а беше почувствуван и во Црна Гора.

„На 23.01.2024 година во 23:47 часот, Сеизмолошкиот сектор при Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија регистрираше помал земјотрес со епицентар на 4 километри западно од Коплик (Албанија). Јачината на овој земјотрес во хипоцентарот (фокусна точка) бил со јачина од 3,5 единици според Рихтеровата скала што одговара на епицентрален интензитет од III-IV Меркалиева скала (MCS).Епицентарот на овој земјотрес се наоѓал на длабочина од 23 километри. Врз основа на нумерички модел на промената на интензитетот со растојанието во овој регион, според јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје“, велат од Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора.

Информација за овој земјотрес објави и Европскиот медитерански сеизмолошки институт на својот Твитер профил и на својата веб-страница.

Епицентарот на земјотресот бил на 31 километар од Подгорица, се наведува на веб-страницата на Европскиот институт.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Босна и Херцеговина

Повторно земјотреси во регионот на Берово и Делчево

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Македонија

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија

Три лица загинаа во престрелка во Албанија, се трага по напаѓачите

Горан Наумовски

Три лица загинаа во престрелка во Албанија, полицијата трага по сторителите

Горан Наумовски