Земји-членки на ЕУ бараат укинување на роамингот и покани за самити за кандидатите за членство

Од:

Утре Европската комисија ќе ја разгледува новата стратегија за проширување на ЕУ, каде што ќе бидат воспоставени прецизни рокови за можен напредок на земјите кандидати.

Имено, 12 членки на Унијата – Австрија, Чешка, Естонија, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Латвија, Малта, Полска, Словенија и Словачка – бараат чекор понатаму и предлагаат редовни годишни самити со лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и на Србија.

Освен тоа, тие предлагаат и укинување на роамингот пред нивното пристапување во Унијата.

„Ова се мерки што нас ништо не нè чинат, а имаат огромно политичко влијание и би го подобриле имиџот на ЕУ во регионот“, се наведува во предлогот.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки