Зеленски утре со видео порака ќе се обрати до албанските пратеници

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со видео порака утре ќе се обрати пред албанските народни избраници.

Првиот парламентарец Линдита Никола закажа посебна пленарна седница и даде налог на службите да ги преземат сите неопходни мерки и активности.

Украинскиот претседател во изминатите недели со видео пораки се обрати во парламентите на повеќе европски земји.

Албанија, како сојузник во НАТО, застана на страната на Украина, осудувајќи ја руската агресија и наметна санкции кон Русија.

Во земјата до сега пристигнати се околу 400 украински бегалци, меѓу кои и поголема група млади атлетичари. На сите им е дадена привремена заштита, според целосните законски одредби за азил.

Со посебна одлука на Владата украинските државјани имаат право да влезат и да останат во Албанија без дозвола за престој, во период од една година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

Зеленски: Законот за мобилизација содржи важни прашања поврзани со поддршката на армијата

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Без американска помош блокирана во Конгресот, Украина ќе ја изгуби војната