Здравството на раб на колапс

Од:

Хрватските здравствени институции во првите шест месеци создадоа нови загуби од 824 милиони куни, од кои 94 отсто се долг на болниците. Вистина, загубата би била многу помала ако со пролетниот ребаланс на буџетот од здравството не беа земени 710 милиони куни, иако веќе тогаш се знаеше дека тоа не значи ништо друго туку нов буџетски дефицит. Во секој случај, реалноста повторно се гледа во загубите и малку е веројатно дека до крајот на годината новиот вкупен долг на здравството нема да биде и поголем од две милијарди куни.

– Лекарите и болниците не смеат да одбијат ниту еден пациент, а тоа создава трошоци, го сакале ние тоа или не. На крај сите прегледи, зафати и дијагностики сепак мора да се платат, дури и кога во здравствениот буџет нема пари – министерот за здравство Синиша Варга ги оправдува најновите податоци за загубите на болниците. Министерот потенцира дека достапноста на здравствените услуги на граѓаните ја гарантира Законот за здравствена заштита, па се додека со политичка одлука законот не се промени, единствено што треба да се направи е тие услуги да се платат!

Потрошен материјал

Од 776 милиони куни болнички загуби, Кличниките болници и Клиничките центри се должни 475 милиони, а општите болници 266 милиони куни. Тоа значи дека до крајот на годината загубата на здравствените институции може да биде најмалку уште толку, или 1,7 милијарди куни. Ако на тоа се додадат долговите за лекови кои до крајот на ланската година изнесуваа 750 милиони куни без камата, јасно е дека наспроти санацијата во последните 2 години од околу 3 милијарди куни, новите над 2 милијарди куни загуба повторно ќе го гушат хрватското здравство. Факт е дека сите приходи на здравството во првите 6 месеци оваа година сеуште паѓаат на болниците, најголемиот дел од своите приходи го трошат на платите, а доставувачите на лекови и потрошен материјал не го кријат своето незадоволство, бидејќи долговите кон нив и понатаму растат. На пример, општите болници просечно за плати трошат 99 отсто од својот лимит, па очигледно ги лечат граѓаните само на долгови. Клиничките болници и КБЦ за плати трошат околу 85 отсто од својот лимит. Со оглед на високо диференцираната медицинска нега, на нив не преостанува ништо друго освен создавање на долгови.

Во Здружението на работодавци во здравството велат дека таа состојба во болниците сериозно го загрозува пружањето на болничка здравствена заштита. – На тој начин се доведува во прашање и нивната работа со доставувачите на лекови, потрошен материјал и другите услуги – вели директорот на УПУЗ Миле Клепо. Тој смета дека нема простор во претстојниот ребаланс на буџетот дополнително да се намалат средствата за здравството, бидејќи очигледно е дека првиот ребаланс со кој на здравството се одземаа 710 милиони куни, дополнително ја влоши состојбата.

Министерот Варга вели дека состојбата во здравствениот буџет треба да ја поправат средства наменети за санација на долгови во здравството од 2012 година во износ од 2,2 милијарди куни. Ветувањето на министерот за финансии е дека тоа ќе биде до крајот на месецот, иако оптимизмот е можеби преголем. Имено, тие средства во здравствениот буџет требаа да бидат веќе во август, но лошата состојба во државниот буџет ја спречија исплатата.

Задолжително осигурување

Сите приходи на здравствените институции, за жал, покажуваат тренд на пад во оваа година во однос на 2013. На пример, од задолжителното осигурување во здравствените институции дојдоа речиси милијарда куни помалку, како и 200 милиони куни помалку од дополнителните осигурувања. Паднаа приходите од партиципациите како и приходите од буџетот, од државниот и од локалните самоуправи. Вистина, болниците се обидуваат да штедат, но тоа тешко им успева, на пример со потрошувачката на лекови која иако минимално, сепак порасна за 10 милиони куни. Но, затоа паднаа трошоците за набавка на храна, одржување на хигиената, енергијата…

Резултат е дека вкупната потрошувачка на болниците и другите здравствени институции, заводите, здравствените домови, поликлиниките…, во првите шест месеци оваа година беше 7,4 милијарди куни, а ланската година за истиот период 7,6 милијарди куни. И за платите на вработените е потрошено помалку од 150 милиони куни бидејќи од април од крајот на годината замрзнаа исплатите на додатоци за стажот. Ако не продолжи ова намалување, ќе има околу три отсто дополнителен трошок за плати во идната година. Министерот Варга и директорката на ХЗЗО Татјана Пренџа Трупец, сметаат дека состојбата во здравството сепак се поправила со излез на фондот од касата, што е предвидено за почетокот на идната година. – Според нашето пресметување, постоечкото ниво на здравствените услуги може да се покрие со околу 21 милијарда куни, а законски на здравството годишно припаѓаат 21,7 милијарда куни, колку што системот треба да добие со излегување од буџетот. Тоа значи дека ХЗЗО може во две години да ги покрие загубите кои во системот ќе настанат во 2014. Со околу 17,8 милијарди средства од придонеси, здравството од даночните приходи треба да добие уште околу 3,8 милијарди куни, во што се пресметани и посебниот данок на цигари, придонесите од пензиите… – вели Пренџа Трупец.

Постоечкиот закон

Во тој случај болниците на годишно ниво можат да добијат околу милијарда куни повеќе, а за фондот на собраните лекови наместо 550 би се издвојувале 800 милиони куни, колку што објективно е потребно.

Во секој случај, пред излезот на здравството од буџетот, министрите за финансии и здравство треба јасно да ги дефинираат правилата кои гарантираат на здравството дека ќе добие се она што според постоечките закони му припаѓа, па санации да не постојат само за вонредни состојби, туку вообичаен начин за работа на здравствениот систем.

Европско барање до хрватската влада: До – 2019 година мора да се намалат придонесите

Со хроничниот недостиг на куни, здравството според се судејќи го чекаат дополнителни проблеми.

Имено, Европската комисија бара од сите земји на ЕУ да го намалат придонесот за здравството. За Хрватска тоа значи од сегашните 15 на 9 отсто до 2019 година. За тоа претставници на Комисијата веќе разговараа со потпретседателите на Владата, Бранка Грчиќ и Миланка Опачиќ, како и со министерот за финансии Борис Лаловац.

Но, познавачите на здравствените прилики во Хрватска сметаат дека тоа е можно само во случај ако невработеноста драстично се намали. Во тој случај придонесите можат да паднат, а во системот сепак да се слеат околу 21 милион куни. Бидејќи тоа не е извесно барем уште неколку години и ако системот не банкротира, стапката за здравството би се вратила на 15 отсто.

Јутарњи лист – Загреб

Би можело да ве интересира

Хрватска по одлуката на Црна Гора: Ја обезвреднувате Резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Гори над Дубровник: Пожарот се шири со молскавична брзина

Маж и жена се убиени во Славонски Брод

Горан Наумовски

Познатиот готвач рече дека „Хрватите јадат како свињи“, Хоудек се налути: Тоа е арогантно однесување

(ВИДЕО) Хрват збесна по поразот од репрезентацијата, па го демолираше телевизорот

Горан Наумовски

Ученик во Лика бил незадоволен од оценката, се заканил дека ќе дојде со пиштол во понеделник