Заврши акцијата „Коштана“ – заеднички против криумчарите на мигранти

Од:

Акцијата „Коштана 2015“ во која учествуваа полицајци од седум земји, а се одвиваше на српско-македонскиот граничен премин Прешево – Табановце, денеска заврши, а според оценката на учесниците даде добри резултати во борбата против кријумчирањето на луѓе, јави Танјуг.

Во акцијата учествуваа припадници на полицијата од Македонија, од Австрија, од Словенија, од Босна и Херцеговина, од Црна Гора и од Албанија.

Од Македонија во Србија во текот на годината влегле околу 180.000 мажи, жени и деца од земјите од Блискиот Исток, а за време на акцијата, која почна на крајот од септември, некои од мигрантите беа интервјуирани.

Акцијата е организирана во согласност со Планот на работа на Програмата за гранична безбедност (ДЦАФ) – Центар за безбедност, развој и владеење на правото во соработка со српската Управа на граничната полиција.

– Акцијата покажа дека регионот може, знае и сака заеднички да соработува за решавање на важните прашања, истакна директорот на ДЦАФ, Антон Травнер.

За време на акцијата спроведени се 160 интервјуа со ирегуларни мигранти – со 66 Сиријци, 48 Авганистанци, 17 Ирачани.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море