Заврши 8. „Македонско културно лето во Албанија“

Од:

Со настапот на актерот Никола Тодороски од Охридскиот театар синоќа во општина Пустец заврши осмото издание на фестивалот „Македонско културно лето во Албанија“.

Организаторите на фестивалот соопштија дека беа доделени и две награди, за најдобар актер и актерка. Жирито, во состав Зоран Љутков – претседател и членовите Андреј Цветановски и Жарко Димоски, одлучија наградите да им ги доделат на Билјана Драгичевиќ Пројковска и на Владимир Тулиев.

По врачувањето на наградите, концерт одржа пејачот Димитар Андоновски во придружба на Сергеј Светозарев.

Фестивалот беше отворен на 29. јули со претставата на Драмски театар – Скопје „Последните Македонци# во режија и авторство на Сашо Миленковски. Посетителите ги погледнаа и претставите „Македонска приказна“, во режија на Боњо Лунгов на Театар за деца и младинци – Скопје, „Парче душа“ во режија и авторство на Љупчо Тодоровски Упа, и „Спанаќ со пржени компири“ на авторот Золтан Егреши, а во режија на Ненад Витанов на Велешкиот театар.

Оваа година фестивалот се прошири и се одржуваше на три локации, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, плоштадот „Европа“ во Леска и плоштадот „Јане Сандански“ во Зрноско.

Покрај домашната публика, фестивалот го посети и публика од Република Македонија. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на Република Мекдонија, Град Скопје и општина Велес.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски