Завиткано тело пронајдено во река во Црна Гора, рацете му биле врзани

Од:

Синоќа, безживотно тело на маж е пронајдено во коритото на Шекуларската река во Беране, Црна Гора, а сите околности укажуваат дека станува збор за убиство. Според црногорските медиуми, телото е пронајдено во коритото на Шекуларската река од страна на мештаните, на локација оддалечена околу 18 километри од Беран и само 9,5 километри од границата со Косово, и тие веднаш ја известиле полицијата.

Првите резултати од прегледот и обдукцијата укажуваат на насилна смрт, пишува Стандард, повикувајќи се на неофицијални, но добро информирани извори. Според истите информации, станува збор за маж на околу 30 години чии раце биле врзани со јаже.

На телото биле видливи повеќекратни и тешки повреди нанесени од тапи и остри предмети, вклучувајќи бројни модринки и фрактури на главата и телото, што дополнително ги потврдува сомневањата на истражителите дека станува збор за сериозно кривично дело.

Полициската управа издаде официјално соопштение во кое потврдува дека на местото на настанот се води истрага и дека се преземаат сите потребни дејствија за расветлување на случајот. „Службеници на Одделот за безбедност Берана во соработка со Вишото државно обвинителство во Бијело Поље преземаат мерки и дејствија за утврдување на идентитетот на безживотното тело, причината за смртта и сите факти и околности поврзани со пријавениот настан“, се наведува во соопштението за медиумите.

Телото на мажот е испратено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта и да се соберат дополнителни докази.

Би можело да ве интересира

„Евростат“: Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ

Ново апсење во случајот со убиството на Илијан Филипов

Горан Наумовски

Убиство во Будва: Странски државјани вмешани во пукањето

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Од денес, Црна Гора воведува визи за државјани на пет земји