Затворено грчкото издание на Спутник, реагираат новинарските здруженија во Грција

Од:

Над 30 новинари и административен персонал останаа без работа во Грција откако денеска прекина со работа грчкото издание на Спутник по одлуката на Европската унија да ги забрани руските РТ и Спутник, јави дописничката на МИА од Атина.

Здруженијата на грчките новинари и фоторепортери, како и Здружението на странски дописници во Грција изразија поддршка до вработените во Спутник, кои, пак, преку соопштение велат дека одеднаш, останаа без „глас“ и работа.

– Грција на „демократијата“, Европа на „правата и слободата“ го затворија Спутник. Меѓу нив и Спутник што функционираше во Грција во кое беа вработени новинари, репортери, административен персонал и секој ден со страст и верба макотрпно работеа за информирање на сите, соопштија вработените во, како што напишаа, „последниот текст на редакцијата“.

Додаваат дека „под изговор дека ќе ја прекинат „пропагандата“, европските институции и влади покажуваат што навистина сакаат: тие да контролираат што ќе се емитува, кои вести се правилни и кои треба да се скратат, да исчезнат“.

Здруженијата на грчките новинари и грчките фоторепортери, како и Здружението на странски дописници во Грција, во заедничкото соопштение велат дека „стотици вработени во руската агенција „Спутник“ ширум Европа, од кои 32 во Грција, беа известени дека нивните канцеларии се затвораат и остануваат без работа“.

– Новинарите и медиумските работници се првите жртви на необјавената, но видлива војна против информирањето. Незамисливо е медиумите да бидат вклучени во апсолутно оправданите санкции против една војна, пишува во заедничкото соопштение на трите здруженија.

Тие додаваат дека одлуката на ЕК ќе има спротивен ефект и освен цензурата, како последица ќе има и таргетирање на новинарите.

– Ги повикуваме, дури и во овој последен момент како европските институции, така и владите да имаат предвид дека покрај огромниот удар врз слободата на изразување и демократијата, потпишуваат и губење на стотици работни места, коментираат Здруженијата на грчките новинари и фоторепортери и Здружението на странски дописници во Грција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија