Започнува снимањето на филмот за Мајкл Џексон

Од:

Режисерот Дарко Лунгулов од 3. октомври ќе го започне снимањето на својот втор филм „Споменик на Мајкл Џексон“. Во ова комедија, во која ќе доминира црниот хумор, главниот јунак Марко за да го спаси својот град од умирање и да ја задржи својата љубена да не му замине, одлучува да изгради споменик на кралот на попот, Макјл Џексон.

Марко го глуми Борис Миливојевиќ, а во филмот место има и за Драган Бјелогрлиќ – пилот на воен борбен авион, главниот помошник во зачувувањето на марковата љубена.

„Среќен сум што по четири години подготовка и напорна работа на сценариото, конечно филмот ќе започне да се снима. Ввоодушевен сум што ќе работам со големи актери како што се Борис Миливоевич, Наташа Тапушковиќ, Драган Бјелогрлич, Емир Хаџихафизбегович, Тони Михајловски, Бранислав Трифуновиќ и Мирјана Карановиќ“, изјави Лунгулов.

Марко, и покрај сите тешкотии, ќе успее да го изгради својот споменик и да ја зачува љубената, но во времето на откривањето на мермерниот Мајкл, пристига веста за смртта на вистинскиот Мајкл, откри режисерот.

„Ова нема да биде приказна за Мајкл Џексон, туку за нас и нашата потрага по нови херои и нови идентитети за да се спасиме и да пронајдеме надеж. Сакам да направам филм со сериозна тема, но преку комедија – бизарна приказна со шармантни необични карактери. Овој пристап ќе ми овозможи да допрам до болната тема на комичен, но и на многу емотивен начин“, додава Лангулов кој со својот претходен филм „Таму и тука“ освои 16 меѓународни награди.

Сценариото за новиот филм на Дарко Лунгулов ја доби првата награда за сценарио за филм на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата