Западен Балкан со повик до ЕУ да го финансира економскиот развој на регионот

Од:

Премиерите од шест држави од Западен Балкан кои учествуваа денеска во економскиот форум во Тирана ја повикаа Европа да го финансира економскиот развој на државите од регионот. Според нив, тоа ќе обезбеди стабилност на Западен Балкан каде се уште има етнички тензии.

– Потребни ни се пари за да ги развиеме инфраструктурите. И се обраќаме на Европа за да ги добиеме. Ако Европа не може да ни помогне треба да ни каже за да бараме сами начини, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ во рамките на регионалната економска коннференција.

– Со финансиска поддршка за заеднички проекти на држави од Западен Балкан како и интеграција во ЕУ, Европа ја финансира својата иднина, нагласи албанскиот премиер Еди Рама.

Тој вели дека тоа би помогнало на државите до регионот да обезбедат стабилен мир и „обезбедување на Европа да не се најде во иднина соочена со ситуација како во Украина“.

– Даваме напори за да ги измениме нашите несогласувања и конфликти во мостови за соработка и развој што ќе помогне на сите заедно во големото европско семејство, изјави премиерот на Косово Иса Мустафа.

Вучиќ додаде дека со албанскиот колега договориле да се побараат пари од ЕК за финансирање магистрала од албанското пристаниште Шенгин со Приштина, Ниш и Белград.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он

(ВИДЕО) Хорор од Белград го шокираше светот: Уапсен татко кој брутално ја претепа својата ќерка тенисерка на тренинг

А1он

Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

А1он

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он