(ВИДЕО) Хорор од Белград го шокираше светот: Уапсен татко кој брутално ја претепа својата ќерка тенисерка на тренинг

Од:

Видеото од Белград се споделува низ целиот Балкан, па дури и подалеку од границите на овој дел од Европа. Од полицијата велат дека истрагата за целиот случај е во тек и се очекува насилникот да биде казнет.

Некој го снимил моментот кога таткото, кој е и тренер на тенисерката, ја малтретира својата ќерка на тенискиот терен.

Првите информации сведочат дека насилството дошло бидејќи таткото верувал дека ќерката не се трудела доволно на тренинзите.

Под сомнение за семејно насилство е уапсен кинескиот државјанин В.Л.(50).

Од полицијата соопштија дека истрагата за целиот случај се уште е во тек.

За ова се пишува ширум светот, па еден од најголемите фан сајтови објави детална сторија за тоа со порака. „Пратете го таткото во затвор“: Љубителите на тенисот бараат акција против таткото кој ја удри ќерката на тениско игралиште“, се вели во објавата.

Би можело да ве интересира

Татко си ја истепал малолетната ќерка

Скопјанец ја нападнал поранешната сопруга пред угостителскиот објект

Момче од Штип со нож во рака ѝ барал пари и накит на својата баба

Горан Наумовски

Во Аеродром жена истепала познаничка

Прилепчанец истепал познаник, го врзал, му одзел пари и заминал

Двајца возачи во Скопје се скарале, едниот извадил пиштол и испукал 10 куршуми во воздух