Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

Од:

Косовскиот премиер, Албин Курти, по повод последните инциденти во северно Косово, каде што живее мнозинско српско население, изјави дека постои опасност од нов конфликт меѓу Косово и Србија, односно од нова војна во Западен Балкан.

Во интервју за италијанскиот весник „Ла Република“, кое денеска го пренесуваат медиумите во Приштина, Курти изјави дека, со оглед дека зад Србија стои рускиот претседател Владимир Путин, опасноста од нов конфликт останува висока.

– Ризикуваме војна. Зад Србија стои Путин. Не би рекол дека опасноста е мнгу висока, затоа што ние го имаме контингентот на НАТО тука, но сигурно дека е висока. Ние сме една демократија која има една автократија на границата, вели Курти.

Според него, пред руската агресија врз Украина можностите да избие нов конфликт во Западен Балкан беа мали, но „сега ситуацијата е променета“.

– Првата епизода, која е последица на фашистичката идеја на панславизмот, беше Украина. Доколку имаме втора епизода, на пример во Транснистрија (Приднестровска Молдавска Република), тогаш можностите дека една нова, трета војна ќе се случи во Западен Балкан, посебно во Косово, ќе бидат многу високи, изјави Курти.

Во врска со протестите во северно Косово против мерките што ги најави неговата влада за замена на српските со косовски регистерски таблички и за реципроцитет кон Србија во однос на личните документи, косовскиот премиер вели дека тие не биле спонтани, туку организирани од Белград, со помош на Русија.

– Србите имаат 48 оперативни бази околу Косово, 28 воени и 20 жандармериски. Протестите не беа спонтани, тие беа организирани од Белград, со поддршка од Русија, изјави Курти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Австрија предлага унапредување на постепената интеграција на Западниот Балкан во ЕУ

Воен аналитичар: „Оклопното“ возило во Бањска делува како „гаражна“ модификација на теренец, а не на српската полиција

А1он

Убиен eден од напаѓачите во Бањска: Можно е да се членови на „Вагнер“ според медиуми во Приштина

А1он

Петковиќ: Курти е вистинско девојче додека разговара со Вучиќ во Брисел

Ховениер: Приштина треба да започне со формирање на ЗСО, ќе има последици ако тоа не го направи

Гренел: Курти ќе ги трпи последиците од едностраните акции

Горан Наумовски