(ВИДЕО) Захариева: Не можете во ЕУ, а да го славите Тито

Од:

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева кажа дека Македонија не е подготвена за ЕУ.

-Не можеш од една страна да сакаш да си во ЕУ и да го демократизираш општеството, а во исто време да го славиш еден од најмрачните диктатори-Тито. Ако продолжиме да ги затвораме очите пред фактот дека таа држава продолжува така како што замислиле Тито и Сталин, со тоа и правиме услуга на Москва, рече Захариева.

Бугарија секогаш добро се однесувала кон Северна Македонија, во сите тешки моменти досега подадовме рака. Ние ќе продолжиме да им помагаме и ќе пружиме рака, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за бугарската БТВ.

– Ние велиме „не“ на почетокот на преговорите, а не на членството на Северна Македонија во ЕУ, не веруваме дека во моментов тие се подготвени да ги исполнат условите за почеток на преговорите, објасни министерката Захариева.

Според неа, Скопје не го спроведува Договорот за добрососедство и продолжува со омраза кон Софија, пораду што, вели, нема начин како Бугарија да каже „да“ во оваа фаза“.

– Никој не го оспорува нивното право на самоопределување и да го нарекуваат својот јазик како што сакаат, но не се согласуваме дека тоа право на самоопределување треба да се заснова на омраза, кражба на историја и негирање на Бугарија и бугарскиот јазик. Како што тргнале, тие ќе почнат да го негираат постоењето на бугарска нација, изјави Захариева.

Би можело да ве интересира

Никогаш нема да дозволиме македонскиот идентитет и јазикот да бидат на маса, порача Заев

Жарко Настоски

Македонија официјално пак извиси во Брисел, Бугарите заедно со нас ја заглавија и Албанија на европскиот пат

Жарко Настоски

Бугарија не ја трга блокадата – „го потврди својот став за Северна Македонија“ во Брисел

Жарко Настоски

Османи: Само претседателот Радев има политички мандат да го повлече ветото

Ана Ололовска

Бугарија не попушта за Македонија, ЕУ не сака одвојување од Албанија

Ана Ололовска

БНР: Не се очекува промена на позицијата на Софија

Ана Ололовска