Загина војник при гаснење на пожар во Црна Гора

Од:

Еден припадник на црногорската армија загина, а друг се здоби со тешки телесни повреди при гаснење пожар во регионот Куча, соопшти Министерството за одбрана.

– Инцидентот се случил кога цистерната за вода со која управувале се превртела – се вели во соопштението.

Црногорската армија, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврдат причината и околностите на несреќата.

Началникот на Генералштабот на црногорската армија, бригаден генерал Миодраг Вуксановиќ, пристигнал на местото на настанот по дознавањето за несреќата.

– Јавноста ќе биде навремено известена за сите дополнителни информации – соопшти Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

(ВИДЕО) Полицијата ја опколи зградата каде што живее братот на Мило Ѓукановиќ

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

Брутално киднапирање во Црна Гора: Однесоа маж на непозната локација, го мачеа, го претепаа па го сечеа

Горан Наумовски