ВИДЕО: Загина пилот на Војската на Србија во пад на МиГ-29 кај Стара Пазова

Од:

Пилот загина во падот на воениот авион МиГ-29 на Војската на Србија, кој денеска се урна на нива меѓу Нова и Стара Пазова, на северот на земјата. Министерството за одбрана ја потврди информацијата. Мајорот Горан Булајиќ е роден на 25 март 1973 година во Белград. Во Војската на Србија служел од 1996 година. Зад себе оставил две деца.

Станува збор за борбен авион што припаѓал на 204. воздухопловна бригада, стационирана на аеродромот Батајница, објави српската Радио-телевизија РТС.

МиГ-29 е советски двомоторен борбен авион, развиен во текот на 70-тите години, првенствено наменет за воздушна борба и заштита на воздушниот простор. Во оперативна употреба е од почетокот на 80-тите години, а различни негови верзии и денес ги користат повеќе држави.

Српската војска ги користи овие авиони за надзор и заштита на воздушниот простор, пресретнување други летала и извршување борбени задачи. Дел од флотата Србија ја наследи од времето на Југославија, додека дополнителни авиони доби од Русија и Белорусија.

Во близина на Батајница, на 7 јули 2009 година, се урна МиГ-29 на Војската на Србија. Во несреќата загинаа пилотот, потполковник Раде Ранѓеловиќ, и војникот Милан Улемек, кој се наоѓал на земја.

Во Нова Пазова, на 26 септември 2012 година, се урна и школскиот авион В-54 „Ласта“. Загина пилотот, мајор Горан Савиќ, додека вториот пилот, потполковник Томислав Беќаговиќ, беше полесно повреден.

Авионот падна во двор меѓу станбени објекти, а според тогашните информации, причина за несреќата било откажување на командите.

Би можело да ве интересира

Студентска листа најави референдум за влезот на Србија во ЕУ

(ВИДЕО) Нова политичка ера во Србија: конституирање на Парламентот со мнозинство од Студентската листа

Загина 19 годишник во сообраќајка во Србија – другарот со автомобил удри во коњи покрај патот

А1он

Снег, магла и одрони на патиштата низ Србија: Камионите на „Батровци“ чекаат и до три часа, на возачите им се советува да бидат внимателни

Уапсен е поранешниот српски министер за економија

Катерина Ѓуровски

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба