Заедничката седница на владите на Албанија и Косово

Од:

Во Елбасан се одржува седмата заедничка седница на владите на Албанија и Косово, на која се очекува да бидат потпишани 15 договори.

Главните теми на договорот ќе бидат слободата на движење, образованието, правда, инфраструктурата, култура и олеснувањето на трговската соработка.

По седницата предвидена е заедничка прес-конференција на премиерите Еди Рама и Албин Курти.

Инаку, истражување на Барометар Еуроњуз Албанија, посветено на мислењето на граѓаните на Албанија за односите меѓу двете држави, покажа дека само 16 проценти од Албанците се против унија на двете земји. Четворица од петмина Албанци, односно 79,2 отсто на евентуален референдум би гласале за обединување во единствена држава на Албанија и Косово.

Огромното мнозинство Албанци, или повеќе од 90 отсто, веруваат дека Албанија и Косово се една нација. Сепак, помалку од половина од Албанците веруваат дека унијата може да се случи во следните 10 години. Во случај на обединување, 70 отсто од Албанците веруваат дека Тирана треба да биде главен град.

Анкетата беше спроведена од 20 до 29 октомври годинава од страна на МРБ и Дата Центрум, на примерок од 1.000 испитаници.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски