За не цел ден запленети над тон албанска марихуана

Од:

И покрај засилените контроли, албанските шверцери не престануваат со своите активности, како кон Италија,така и кон Грција. Само во текот на денов италијанската, грчката полиција и албанската полиција запленија над тон марихуана, албанско производство, пред се од селото Лазарат познато како фабрика за марихуана.

Во акцијата на италијанската полиција во Катанија, запленети се 900 килограми марихуана и уапсени двајца албански државјани. Дрогата била откриена камион во моментот кога возачот го внесувал во гаража. Полицијата ја продолжува истрагата бидејќи се сомнева дека станува збор за меѓународна група шверцери на наркотични средства.

Грчката полиција,пак, во селото Коуклис, во близина на грчко-албанската граница, пронашла и запленила четири вреќи со вкупно 106 килограми марихуана, но не упасила никого, зашто и покрај тоа што го заобиколила подрачјето ни едено лице не дошло да ги земе вреќите.

Во меѓувреме во нивните албански колеги на граничниот премин Капштица, на албанско-грчката граница, кај Корча, заплениле 25 килограми марихуна, скриени во шасија на камион со регистраски таблички на албанскиот бград Ѓирокастро. Дрогата била откриена при рутинска конртола. Уапсен е возачот на камионот. Крајната дестинација бил солунскиот наркопазар.

Би можело да ве интересира

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Молотови коктели на протест во Тирана