Косовскиот амбасадор во Тирана, Сул Укшини оцени дека концептот за Голема Србија повеќе не постои, додавајќи дека „Србите добро знаат оти Косово е држава, но им е тешко да го признаат тоа“.
– Сметам дека тие многу добро знаат дека концептот за Голема Србија е мртов. Тие многу добро знаат дека Косово е држава. Но, има еден проблем. Политичката елита и интелектуалците во Србија веќе 20 години го труеја српското општество и создадоа големи очекувања. Сега им е тешко на истите тие луѓе да им кажат: Гледајте тоа што го зборувавме порано, сега се приказни и не се занимавајте со нив, бидејќи е прашање на гласови, изјави Укшини за тиранската телевизија Ора њуз.
Тој се согласува со изјавата на шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати дадена на денешната конференција „Србите и Албанците: Во кој правец?“, што се одржа во Тирана, дека реториката на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ му припаѓа на 19. век.
– Министерот за надворешни работи Дитмир Бушати имаше многу добар говор, кој се разликува од говорот на неговиот колега Дачиќ на првата сесија во Белград. Тој забележа дека реториката на Дачиќ му прпаѓа на 19. век, но јас мислам дека тој може да им прпаѓа на 17. и 18. век, рече Укшини.
Во врска со посетата на косовскиот претседател Хашим Тачи на северот на Косово, тој направи паралела меѓу Албанија и Македонија.
– Зошто претседателот на Косово го посети северот на Косово? Јас мислам дека тое е идентично како ако претседателот на Албанија оди во посета на Подградец, а Македонија да прогласи вонредна состојба. Тоа е глума,тоа се театарски игри кои (српскиот) претседател (Александар) Вучиќ ги прави за внатрешни цели, заклучи Укшини.