За автопат од 138 километри Албанија и Косово потрошиле две милијарди евра

Од:

Албанија и Косово платиле вкупно две милијарди евра за автопатот наречен патот на нацијата, во должина од 138 километри.

„Овие супер гигантски трошоци ја испразниле државната каса и ги пренасочиле фондовите од многу попосакувани проекти, како што се училишта, болници, патишта од втор ред и слично,“ се наведува во истраживањето на Балкан Инсајт.

Договорите биле потпишани со американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“и покрај противењето на Светска банка и високи дипломати на ЕУ.

Во случајот со Албанија првичниот договор бил за изградба на 61 километар за 148 милиони евра. На крајот, според еден мејл испратен од поранешниот министер за финансии, демократот Ридван Боде, оваа траса чинела 950 милиони евра.

Историјата, исто така, се покажа трагична и за Косово, каде првичната цена изнесувала 400 милиони евра, за на крајот да скокне до 838 милиони евра за 77 километри автопат.

Автопатот во Албанија ги поврзува Драч-Тирана граничен премин Морина, кај Кукс, на границата со Косово, додека од преминот Морина-Врмица до Мердаре е автопатот во Косово.

Би можело да ве интересира

Повредени се две жени откако „пежо“ излета од автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Политичари прекршувале закони за кинески инвестиции: Мапа со контроверзни проекти на Балканот

A1on

Наместо за 10, автопатот Кичево-Охрид ќе се изгради за 12 години: Собранието го поддржа предлогот за нов рок

Горан Наумовски

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

A1on