За 15 години во Тирана ќе живее половина Албанија

Од:

По петнаесет години албанската метропола ќе има околу милион жители, предвидува Инситутот за статистика  на Албанија ИНСТАТ, јави дописникот на МИА од Тирана.

Според  Инситутот, во приодот 2011-2013 година ќе има намалување на популацијата во  сите околии во Албанија, освен во Тирана, Драч и Валона. Бројот на жителите во околијата Тирана се предвидува да порасне за 25 отсто, од 763.560  во 2011 година да достигне на 965.108 жители на 2031 година.

Растот на полулацијата во овој дведецениски период во Драч и Валона се предвидува да изнесува околу три отсто.Затоа пак за околу 30 отсто, до 2031 година ќе се намали бројот на жителите во околијата Кукс, на север, во Пешкопеа на исток и Ѓирокастро на југ. Во дргите делови на земјата бројот на жителите ќе се намали од 10 до 20 отсто.

Во оваа појава, според оценката на најзначајната статистичка интитуција, негативна улога продолжува да одигрува нето миграцијата иако природниот прираст е позитивен.

– Во перидот од јануари 2010 до јнауари 2015 албанската популација се намалила за околу 26 илјади, како последица на природниот прираст и нето миграцијата,-констатираат албанските медиуми.

Во околијата Тирана во иминатите пет години забележан е највисок раст на бројот на жителите,  во просек за 10 илјади жители, додека најголем пад на бројот на жителите е забележан во Ѓирокастро во просек за по над две илјади жители годишно.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек