Вулин: Со оваа политика Германија и нејзините сојузници брзо ќе не внесат во БРИКС и јас им благодарам

Од:

Ако некој се сомневал дали протестите во Србија се нарачани, предводени и платени од Западот по јавната поддршка на Германија за уличните собири, нема малку простор за сомнеж, изјави српскиот вицепремиер, Александар Вулин, по соопштението на германското МНР дека поддржува улични собири во Србија.

– Аналена Бербок би сакала да го заврши она што го започнал нејзиниот дедо Валдемор, кој во 1944 година го одликувал Хитлер, а би сакала да владее со Србија. Соопштението на Министерството за надворешни работи на Германија, во кое Србија одредува како ќе ја води истрагата на своја територија, потсетува на ултиматумот на Австро-Унгарија до Србија, а знаеме како заврши таа приказна. Не знам што треба да направат Европската Унија и нејзините членки за Србија да ја преиспита својата позиција кон ЕУ, но знам дека Германија и нејзините сојузници со ваква политика брзо ќе не внесат во БРИКС и јас им благодарам – рече Вулин.

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски