Вулин: Американскиот амбасадор ќе леташе на глава ако тоа го кажеше во владата

Од:

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин изјави дека американскиот амбасадор Кајл Скот со својата ароганција заборавил дека Србија не е колонија и оти не може да гази по нејзиното достоинство.

Реакцијата на Вулин доаѓа по изјавата на американскиот амбасадор дека Косово е независна држава.

„Жал ми е што амбасадорот Скот својата ароганција не се обиде да ја покаже на некој настан со претседателот Вучиќ, бидејќи тогаш би летал од Владата на глава. Но, барем Србија може да види кој се бори за Србија, а кој мисли само на својот грб, вели Вулин.

Како што се вели во соопштението, Скот денеска на потпишувањето на меморандумот за соработка за проектот за изградба на Моравскиот коридор, изјави дека „косовската влада не е таканаречена, туку Влада на Косово, кое е независна и суверена држава“.

„Амбасадорот Скот заборави дека Србија не е колонија и дека не може да го гази нејзиното достоинство. А дека Косово е таканаречено и дека не е држава говори и фактот што не е членка на ОН. Или можеби е, можеби амбасадорот Скот започна да говори и мисли и во името на Обединетите нации. За таква арогнација народот вели – што е тиквата попразна, тоа е побезобразна“, рече министерот Вулин.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија