Вујановиќ: Не сме мафијашка држава

Од:

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, вели дека текстовите на одделни светски медиуми за Црна Гора, како мафијашка држава се неосновани.

Британскиот ББС неодамна објави сторија за Црна Гора, како мафијашка држава, по што целата црногорска амбасада во Лондон, барала исправка и извинување но, ББС соопшти дека стои позади целиот текст.

Вујановиќ смета дека таквото мислење за Црна Гора е резултат на негативната кампања на поединци кои исклучиво го прават тоа поради остварување на своите политички интереси.

Негативната оценка на светските медиуми, нема да има влијание на понатамошниот напредок на земјата кон европските интеграции, но може да ги обесхрабри странските инвеститори да вложуваат во Црна Гора, изјавил Вујановиќ за Телевизија Атлас.

Тој додал дека изборот на Томислав Николиќ за претседател на Србија нема да ги наруши односите во регионот.

„Николиќ доби поддршка од јавноста и поради промоцијата на соработка и партнерство во регионот, во текот на политичката кампања и затоа треба да се надеваме дека тие предизборни ветувања ќе се остварат“, рекол црногорскиот претседател.

На Европското првенство во фудбал, Вујановиќ вели, дека ќе навива за Хрватска.

Би можело да ве интересира

Подгорица оди на вонредни избори

Детали за голема меѓународна полициска акција во Црна Гора: Уапсени девет лица, поднесени кривични пријави против 19

Ѓукановиќ бил информиран дека му се подготвува атентат

A1on

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Почина Матија Шаркиќ, голман на фудбалската репрезентација на Црна Гора

Земјотрес во Црна Гора