Вучиќ: Заедничкиот пазар на Западен Балкан ќе донесе двојно повеќе инвестиции

Од:

Создавањето заеднички пазар на Западен Балкан не претставува „Југославија плус Албанија“, туку можност за двојно повеќе странски инвестиции, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по завршувањето на дискусијата „Забрзување на долгорочниот развој на западниот Балкан“, што се одржа во рамки на Светскиот економски форум во Давос.

Вучиќ пред новинарите изјави дека инсистирал на „заеднички пазар, кој би носел најмалку осум до девет милијарди долари инвестиции во споредба со 4,6, колку што изнесуваа претходната година“.

„Бројките и фактите зборуваат подобро од сите наши политички идеи. Во претходната година, Западниот Балкан или поточно Србија и четирите други земји и територијата на Косово, имаа вкупно 4,5 до 4,6 милијарди долари странски директни инвестиции. Да создадеме заеднички пазар, каде што би имале заеднички такси, тарифи, царини, фискални давачки, заеднички стимулации и субвенции за странци, да имаме целосно единствен пазар без економски граници, а не политички, тој број би изнесувал најмалку осум или девет милијарди долари, изјави Вучиќ. Според него, тоа се изгубени инвестиции само затоа што не било можно да се да се постигне договор.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Вучиќ ги пречека земјоделците кои пристигнаа за саботниот митинг во Белград

Горан Наумовски

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене