Вучиќ: Владата во четврток ќе донесе одлука да испрати барање до КФОР за српски сили на Косово

Од:

Претседателот Александар Вучиќ најави дека Владата на Србија во четврток ќе донесе одлука да испрати барање до КФОР за обезбедување присуство на српските сили на северот на Косово.

„Владината седница е во четврток и, како што стојат работите, владата ќе донесе одлука за испраќање писмо до командантот на КФОР“, рече Вучиќ одговарајќи на новинарски прашања по разговорот со Срѓан Петровиќ, сопственик на винарија која полицијата и царинските органи на Приштина кон крајот на минатата недела ја конфискуваа со речиси целото произведено вино.

Тој додаде дека седницата на Владата ќе се одржи во четврток попладне и дека Кфор потоа ќе го добие барањето.

Вучиќ истакна дека е горд на припадниците на српските вооружени сили, во кои гледа единство и решителност, како и желба да ја завршат секоја задача што им ја поставува државниот врв и нагласи дека дополнувањето на армијата никогаш не било подобро.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачка никогаш нема да ја изневери Србија по прашањето за Косово

Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски