Вучиќ утре во Сараево носи вакцини на „АстраЗенека“

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во вторник ќе дојде во Сараево, каде што ќе им предаде контингент на вакцини против коронавирус на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, пишува Дневни аваз.

-Утре доаѓам во Сараево, само на аеродромот. Сакам да донесам нешто што им припаѓа на сите наши балкански народи, изјави Вучиќ за весникот од Сараево.

„Аваз“ пишува дека претседателот на Србија ќе им предаде 5.000 дози на вакцината „АстраЗенека“ на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина -Жељко Комшиќ, Сефик Џаферовиќ и Милорад Додик.

-Не е важно кој ги набавил вакцините, бидејќи тие се важни за здравјето на граѓаните. Мислам дека тоа може да им помогне на сите лекари во Босна и Херцеговина, особено на оние кои работат во црвената зона и на некои постари лица. Утре носиме 5000 дози вакцини. Значи, вкупно 10.000 дози вакцина АстраЗенека, посочи Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Вучиќ ги пречека земјоделците кои пристигнаа за саботниот митинг во Белград

Горан Наумовски

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Орбан со порака до Вучиќ: Не сте сами, може да сметате на унгарските патриоти