Вучиќ утре ќе ја информира Владата на Србија за ситуацијата на Косово

Од:

Седницата на Владата на Србија, каде претседателот на државата Александар Вучиќ ќе ги информира членовите за ситуацијата на Косово, ќе се одржи утре, јавија дел од белградските медиуми.

Седницата е свикана по последните тензии на северот на Косово и суспензијата на регионалниот командант на косовската полиција за север, Ненад Ѓуриќ, од Приштина, како и по разговорите на Вучиќ со тамошните Срби, што траеле цела ноќ во Белград.

Поради суспензијата на Ѓуриќ, претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, за утре закажа итен состанок на сите претставници на косовските институции на северот на Косово. Тогаш тој ќе предложи сите Срби да ги напуштат косовските институции на северот, како што изјави, почнувајќи од него лично, а исто така и од локалните власти, обвинителството, судот, полицијата и сите други органи.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да има преодна влада додека сум жив, нема да прифатам уцени

Вучиќ: Целта беше да се изврши Шарена револуција во Србија

Горан Наумовски

Вучиќ во разговор со Трамп Јуниор: Сѐ што се случи во САД, се случува и во Србија

Вучиќ: Сите кои учествуваат во подготовката на државниот удар ќе одговараат според законот

Горан Наумовски

Вучиќ: Нема опција блокадите да завршат до 17 март, ќе се обидеме да го направиме тоа до април

Вучиќ: За жал, не можеме да го исполниме вашето основно барање