Вучиќ: Српските тајкуни лобираат за промена на власта во земјата

Од:

Српскиот премиер  и претседател на владејачката Српска напредна партија (СНС) Александар Вучиќ, синоќа изјави дека располага со докази дека различни тајкунски лобија се борат за промена на власта во Србија.

– Нашата цел е да донесеме подобро утре за нашиот народ, Србија да биде модерна земја, демократски организирана и уредена и уверен сум дека во таа намера ќе успееме и дека ќе ги победиме сите оние на кои успех им е работите да ги вратат во минатото, со Србија да управуваат тајкунско-мафијашки кланови, како што управуваа од Земунскиот до кланот на Мишковиќ, рече Вучиќ на прес-конференција.

Тој додаде дека СНС во тоа ќе се спротивстави и ќе биде главната брана.

– Бидејќи некои зборуваат дека никогаш не сме имале доволно докази… ние имаме докази како различни тајкунски лобија се борат и за промена на власта во Србија и да го вратат стариот систем за да го продолжат грабежот на Србија. Ние, во согласност со законот, ќе им се спроставиме, порача Вучиќ.

По седницата на претседателството на СНС, на која станало збор за внатрепартиските избори и реконструкција на Владата, Вучиќ кажа дека се разговарало за сите недостатоци и лоши работи кои ја следат работата на партијата и за тоа како да се надминат недостатоците.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари