Вучиќ: Србите кои се борат за Вагнер ќе бидат уапсени

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србите кои се приклучиле на платеничката група Вагнер ќе бидат уапсени веднаш штом ќе влезат во земјата и ќе станата достапни за институциите.

„Србите регрутирани да се борат во Украина ќе бидат уапсени кога ќе се вратат во Србија. Пријателските земји не регрутираат со такви методи“, рече Вучиќ во интервју за Политико во кое зборува за повеќе теми, пред се за Косово, но и за украинската војна и за руското влијание во Србија.

Вучиќ во јануари годинава повика групата Вагнер да престане со регрутација во Србија.

Групата Вагнер и нејзиниот лидер Евгениј Пригожин демантираа дека регуртираат во Србија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Роналдињо до Вучиќ: Доаѓам на Експо, се гледаме наскоро!

А1он

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми