Вучиќ: Србија не може да ја остави Република Српска без поддршка

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека не сака да влегува во мерки и контрамерки во БиХ по одлуката на високиот претставник Валентин Инцко затоа што се работи за друга земја, но додаде дека Србија не може да ја остави Република Српска (РС) без економска поддршка и во било кој друг поглед.

Вучиќ по повод одлуката за забрана за негирање на геноцидот во Сребреница, оцени дека „наметнувањето и октроирањето одлуки однадвор никогаш не може да донесе добри резултати“.

-Внимателно ги следиме настаните во Сараево и Бања Лука и се плашам дека атмосферата во БиХ е најжешка од крајот на војната и потпишувањето на Дејтонскиот договор, изјави Вучиќ пред новинарите, оценувајќи дека е време Србите и Бошњаците да почнат да разговараат како да соработуваат, а не да дејствуваат едни против други.

Тој повтори дека мирот во регионот е предуслов за каков било напредок и им порача на оние што велат дека РС „губи“ дека „никогаш не победил оној на кого странецот му помогнал во наметнувањето одлуки на Србите“.

Тој најави дека на 4 август во Бусија кај Батајница ќе биде одбележана 26-годишнината од прогонот на Србите во хрватската операција „Олуја“, која тој ја нарече најголемо етничко чистење во Европа по Втората светска војна, како и дека тогаш ќе разговара со Раководството на РС.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија