(ВИДЕО) Вучиќ: Со Ердоган договоривме изградба на индустриска зона во Војводина

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во разговорите со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган била договорена изградба на индустриска зона во Војводина со турски инвестиции.

„Разговаравме за инфраструктурни проекти. Дојдоа и претставници на компаниите за автопатот „Караѓорѓе“. Разговаравме за патот Нови Пазар-Тутин и побарав гаранции дека овој пат ќе биде завршен за една година и еден месец. Тоа е страшен пат, никој не го обновувал со децении“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека разговарале за индустриска зона во северната српска покраина Војводина.

„Мислам дека го решивме секое прашање на невработеност и зголемување на платите. Тоа би бил огромен стимул за економски раст. Разговаравме и за регионалните односи, за тоа како Турција може да им помогне на тие процеси“, додаде претседателот и истакна дека било разговарано и за Договорот од Вашингтон.

Вучиќ изјави дека Србија има свој пат на мирот и дека индустриската зона би имала големо значење за Србија.

„Огромен број луѓе работат во Суботица. Hие мора да најдеме нова земја за индустријализација на тој дел“, истакна тој.

„Ние ги почитуваме луѓето кои имаат почит кон нашата земја. Плативме висока цена. Патот на економски раст е најважен за нас. Јас разбирам зошто на многу луѓе им пречи Србија. Служевме како вреќа за удирање што треба да им служи на сите. Денес имаме сериозен план“, изјави Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција