Вучиќ со Џони Деп, кој ќе биде одликуван со орден за заслуги

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се сретна со холивудската ѕвезда Џони Деп, кој денеска пристигна во Белград.

Деп доаѓа во Белград по повод промоцијата на неговата анимирана серија произведена во Србија „Пафини“, во продукција на „Архангел студио“ од актерот Милош Биковиќ, а создадена во „Јерволино студио“ (ИЕС).

– Продукцијата на ваква серија е важна не само за студиите Јерволино и Архангел Дигитал Студио, кои го изнесоа овој проект, туку и за српската креативна индустрија, како и за промоција на Србија во светот, изјави Вучиќ.

Како што соопштија од неговиот кабинет, тој нагласи дека за почитта што ја покажува кон Србија, како и за бројните проекти во кои се вработени голем број млади луѓе во Србија, ќе го одликува Џони Деп на свечена церемонија на Денот на државноста на Република Србија.

– Почестен сум со одлуката да ми биде доделен Орден за заслуги. Ќе ми биде голема чест да дојдам во Србија на 15 февруари и да присуствувам на свечената церемонија. Ќе продолжам да работам на промоција на вашата прекрасна земја, посочи Џони Деп, заблагодарувајќи му се на претседателот Вучиќ за укажаната чест.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он