Вучиќ: Што и да се случи, ќе останам со мојот народ

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференција вечерва им се заблагодари на претставниците на Србите од северот на Косово и рече дека наскоро ќе пристигнат и Србите од барикадите.

Вучиќ рече дека за прв пат имаат официјална изјава од КФОР, која дава права и на Србија и на луѓето на северот на Косово.

Претседателот Вучиќ рече дека со денови и ноќи се водат многу тешки дискусии.

– Цела ноќ се боревме за зборот барикада… За тоа дека никој што бил на барикадите не може да биде кривично гонет – посочи Вучиќ.

Како што вели, вечерва очекува невозможни барања, а што и да се случи ќе остане со својот народ.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања