Вучиќ се сретна со Ердоган во Анкара

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Анкара се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На Вучиќ претходно му беше приреден свечен пречек пред Претседателската палата, објави претседателот на Србија на Инстаграм.

„Ви благодариме за прекрасниот пречек! Свечено добредојде во чест на српскиот претседател Александар Вучиќ и средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган“, напиша Вучиќ.

Вучиќ ја започна својата еднодневна посета на Турција со посета на Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современата турска држава.

По средбата во четири очи, двајцата лидери ќе присуствуваат на третата седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Турција.

Официјални лица од двете земји потоа ќе потпишат неколку договори со цел зајакнување на билатералната соработка, по што Вучиќ и Ердоган ќе и се обратат на јавноста.

Посетата на Анкара Вучиќ ќе ја заврши со вечера со турскиот претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

А1он

Вучиќ им се извини на граѓаните и на дописниците на РТС од Ниш

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хрватите запалија кукла со ликот на Вучиќ

А1он

Вучиќ: Цела ноќ размислував за случувањата во Белата куќа

А1он

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

Мицкоски и Ердоган ќе потпишат политичка декларација за основање на Совет за соработка