Вучиќ: Реконструкција на српската Влада најдоцна до 27. јули

Од:

Најдоцна до 27. јули ќе биде извршена голема реконструкција на Владата на Србија, соопшти синоќа српскиот прв заменик-премиер и министер за одбрана Александар Вучиќ.

– Очекувам најдоцна до 27 јули, кога се навршува една година од изброт на Владата, да биде извршена реконструкција, изјави Вучиќ.

Осврнувајќи се на одлуката на Брисел за преговори со Србија за членство во ЕУ, Вучиќ истакна дека и покрај „злобните тврдења“ на одделни политичари, земјата го доби датумот за старт на преговарчкиот процес.

Тој при тоа посочи дека на „европскиот пат“ Србија ќе се соочи со многу потешкотии и дека ќе треба многу да се работи.

– Нема Британците и Германците да работат, додека Србите одмараат, потенцира Вучиќ, додавајќи дека е потребна промена на „провинцискиот менталитет“ и дека народот треба да престане да се плаши од промени.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија