Вучиќ: Разговорот со Рама ниту малку лесен, но можеме до решение

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска по средбата со албанскиот колега Еди Рама изјави дека разговорот во четири очи, што траел подолго од очекуваното, не бил ниту малку лесен, но изрази уверување дека заедничките проблеми може да бидат решени, јави Танјуг.

Вучиќ на прес-конференција во Палатата Србија се заблагодари на Рама за тоа што ја прифатил неговата покана и го посети Белград.

– Посетата означува нов почеток и се надевам дека прагматичниот однос меѓу Србија и Албанија ќе биде фокусиран на напредок не само на нашите меѓусебни политички и економски односи, туку и за напредокот на односите во целиот регион, изјави Вучиќ.

Вучиќ, оценувајќи ја посетата на албанскиот премиер како добра вест не само за Србија и Албанија, изјави дека проблемите не може да се решаваат на друг начин, освен со разговори.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент