Вучиќ: Разговорите во Брисел се многу тешки

Од:

Разговорите во Брисел се многу тешки, бидејќи некои лица од Приштина се обидуваат да ја искористат ситуацијата во која што се наоѓа Србија, за да извршат дополнителен притисок, изјави денес потпретседателот на владата на Србија, Александар Вучиќ.

Зборувајќи за разговорите со претставниците на Косово за енергетиката, телекомуникациите и правосудството, тој рече дека Приштина излегла со „финта“, во област на правосудството.

– Сакаа основниот суд во Косовска Митровица да има влијание и јужно од Ибар, така што ќе ја променат етничката структура, односо во Северна Митровица би биле 85 вработени Албанци, а само 15 проценти Срби, рече Вучиќ.

Тој додава дека бил шокиран кога забележал што се обиделе да направат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија